Политика на поврат од 30 дена
Имате 30 дена од датумот на приемот на вашата нарачка да ги вратите несаканите или несоодветни производи.
Важно!
Производите кои сакате да ги вратите не смеат да имаат било какви траги на користење и мора да ги имаат сите оригинални етикети.
Враќање во продавница
Доколку сакате да го направите повратот на производите бесплатно, тоа можете да го направите во нашите продавници во Македонија. Земете ги производите кои сакате да ги вратите заедно со Фискалната сметка и одете на една од касите за да го направите повратот. Нема потреба да ја носите со себе оригиналната кутија во која била испратена вашата нарачка.
Локацијата на најблиската продавница може да ја проверите ОВДЕ.
Преку давателот на логистичка услуга Милшпед / курир МИК МИК
- Пополнете го електронскиот формулар за враќање, достапен на вашиот профил.
- Спакувајте ги производите – можете да го користите истото пакување во кое ги добивте. Во тој случај, отстранете ја старата етикета од пакувањето пред да ја залепите новата. Не заборавајте да ја приложите и фискалната сметка.
- Курирот од Milšped ќе ја подигне пратката со новата етикета на денот што е назначен во формуларот за враќање.
- Не заборавајте да добиете потврда за испраќањето.
За да создадете формулар за враќање, треба да ги следите следниве чекори:
- Одете на вашиот профил и кликнете „Моите нарачки“.
- По кликнувањето на нарачката која сакате да ја вратите, во делот „Детали“ ќе го видите копчето „Враќање“.
- Изберете ја опцијата за враќање „преку курир“.
- Следниот чекор е да го означите производот за враќање и да кликнете на копчето „Испрати“.
Поврат на ваш трошок
Производите исто така можете да ги вратите со начин на испорака по ваш избор (оваа опција се спроведува на ваш трошок и одговорност).
Пополнете го формуларот за електронско рефундирање достапен на вашиот профил. Спакувајте ги производите, можете да го користите истото пакување во кое ги имате добиено производите. Во тој случај треба да ја отстраните постоечката налепница од испораката пред да се залепи новата. Ве молиме прикачете ја и фискалната сметка со вашиот поврат.
Пакетот испратете го на:
MOHITOEast Gate Mall
Беласица 2
1000 Скопје
Република Северна Македонија
По прифаќање на повратот, средствата ќе бидат вратени на Вашата банкарска сметка во рок 14 работни дена.
Ве потсетуваме дека за online нарачки не е можно рефундирање на средствата во кеш.