Рекламација на производи купени во локална продавница
Рекламациите се решаваат во согласност со стандардните процедури.
Можете да поднесете рекламација на производите купени во локална продавница во рок од 2 години од датумот на купување, а рекламацијата мора да се поднесе во локалната продавница.
Во тој случај не е задолжително да ја имате со вас оригиналната сметка.
Во случај ако ја немате сметката, бидете подготвени да ги обезбедите следните информации:
- Име на локалната продавница
- Датум и приближно време на купување
- Индексниот број на производот (на пример: LS914-80X-S); може да се најде на хартиената етикета со цена или на етикетата која е прикачена на производот.
- Износот на купените производи кој е на сметката.
- Информација дали имало и други производи на сметката.
Формуларот за рекламација ќе биде изготвен во локалната продавница, сите рекламации се решаваат во рок од 14 календарски дена.