Поништување на нарачката

Дали сакате да ја поништите вашата нарачка?

Вашата нарачка можете да ја поништите во рок од 15 минути откако нарачката е потврдена (опцијата е на располагање во МОИ НАРАЧКИ ). Сервисот за корисници не може да ги поништи нарачките после периодот од 15 минути.

Доколку сакате да ја поништите вашата нарачка, но е предоцна, препорачуваме да го направите следното:

  1. Откако нарачката е испратена, можете да одбиете да ја примите пратката од курирот (истата ќе ни биде вратена и ќе биде извршено рефундирање на средствата).
  2. Откако ја имате примено пратката, можете да направите формулар за поврат во рок од 30 дена од датумот на испораката и да го вратите производите назад.

Зошто мојата нарачка е поништена?

Нарачките, понекогаш, може да се поништат заради фактори:

  • Незавршен процес на плаќање
  • Грешка во комуникацијата помеѓу системот за плаќање и нашата база на податоци
  • Артиклот е недостапен во периодот на обработка

Многу ни е жал за било каква непријатност предизвикана од оваа ситуација. Доколку бараните производи се сеуште достапни, ви предлагаме да направите нова нарачка.

Доколку некој производ го нема на залиха на нашата web страна, препорачуваме да го направите следното:

- Користете ја опцијата “Известете ме кога ќе е достапна”. Ќе бидете известени по пат на e-mail кога производот ќе биде повторно достапен. Важно! Имајте во предвид дека сите кои се пријавиле да бидат известени, добиваат e-mail кој ги информира дека производот е повторно достапен, што значи дека понекогаш производите може да бидат повторно продадени пред да ја финализирате нарачката.

- Проверете ја достапноста во продавница. Одберете ја саканата величина и web страната ќе ви покаже дали производот е достапен во нашите локални продавници.

Ажурирање на Политиката на приватност

Постојано бараме нови решенија за да можеме подобро да одговориме на вашите очекувања во текот на користењето на на нашата web-страна. Ја почитуваме вашата приватност и се грижиме за заштитата на податоците и затоа, заради ажурирање на функционирањето на web-страната, ве молиме да ја прочитате новата верзија на Политиката на приватност каде се дадени правилата за постапување со личните податоци, обемот на нивната обработка и правата и обврските кои ги имате во тој однос.

Политика на приватност

1. Администраторот на Личните податоци (во понатамошниот текст APD) е: LPP MACEDONIA DOOEL Skopje, 4080019584370, Булевар Партизански Одреди 14, влез 1 кат 1, локал 2 Аура Бизнис Центар, 1000 Скопје, Северна Македонија

2. Може да го контактирате службеникот за Заштита на податоци (во понатамошниот текст DPO) на e-mail адресата: dataprivacy@lpp.com или по пошта на адреса на APD дадаена погоре;

3. За работи кои се однесуваат на вашите лични податоци можете да не контактирате на следната e-mail адреса: support.mk@mohito.com;

4. Вашите податоци ќе бидат обработени врз основа на вашата експлицитна согласност за целите да ви праќаме комерцијална информација (newsletter) за тековните промоции, ажурирања на производи и услуги за брендовите кои припаѓаат на LPP (Reserved, House, Sinsay, Mohito, Cropp);

5. Личните податоци ќе бидат обработени се додека не ја повлечете вашата согласност за претплата на newsletter;

6. Со вашите согласности може да управувате од секцијата "Моја сметка", ако сте регистриран корисник во нашата online продавница.