Распродажби: сè што треба да знаете – на едно место

Нашата онлајн продавница е особено популарна за време на периодите на распродажба и специјални понуди, што, за жал, може да предизвика помали технички проблеми и да го отежне пристапот до поддршката за корисници. Се извинуваме за секоја непријатност. Ви благодариме за трпението. Нашиот тим работи напорно да воведе брзи и ефикасни решенија. Се надеваме дека долунаведените ЧПП ќе Ви помогнат да го најдете одговорот на Вашите прашања.

12 ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА И ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО КУПУВАЊЕТО:

1. Дали цените во физичките продавници се разликуваат од оние во онлајн продавницата?

Производите од новите колекции имаат исти цени во физичките продавници и во онлајн продавницата. Што се однесува до специјалните понуди и распродажби, може да има несогласувања цените во физичките продавници и во онлајн продавницата може да се разликуваат.

2. Дали е вистина дека цените се зголемуваат непосредно пред да се воведе специјална понуда?

Лепењето етикети со зголемена и со специјална понудена цена е незаконско. Mohito не применува таква пракса. Одредени варијации во цените може да се појават пред да се пласира производот за продажба – понекогаш има две цени на етикетата, со што повисоката цена е поставена под пониската. Етикетите се печатат долго пред производот да стигне во продавница. Причината за појавата на две различни цени на една етикета претставува повторно утврдување на цената на артиклот пред да се пласира производот за продажба. Цените може да се намалат и зголемат. Таквите измени може да зависат од многу фактори, вклучувајќи ги и економските, како што се промените во курсевите на валутите или трошоците за транспорт, или може да се јават како резултат на човечка грешка. Во таквите случаи, неточната цена се пречкртува, и преку нејзе се залепува нова цена.

3. Не можам да контактирам со Службата за услуги на клиентите (обидите за контакт преку е-пошта, телефон или друштвени медиуми се неуспешни)

Многу ни е жал што и покрај Вашите напори не можете да контактирате со Службата за услуги на клиентите. Бидете уверени дека неуморно работиме за да одговориме на сите прашања. Бројот на пристигнати прашања се зголемува за време на периодите на распродажба и специјални понуди, во споредба со нормалните периоди. Заради тоа времето на чекање за одговор преку е-пошта или времето потребно за да се добие дежурната линија може да биде подолго. Вложуваме максимални напори да дадеме детални одговори на сите Ваши прашања и да ги разрешиме сите Ваши недоумици. Ви благодариме за разбирањето и трпението.

4. Веб-локацијата е бавна. Имам проблеми со додавање производи во кошничката

За време на периодите на специјални понуди, онлајн продавницата ја посетуваат истовремено многу клиенти, што може да ја забави веб-локацијата. Сите проблеми ги решаваме како што се појавуваат. Зголемениот сообраќај на веб-локацијата може да има влијание врз додавањето производи во кошничката, како и врз другите функционалности за купување (на пример, нема потврда за купување преку е-пошта, се јавуваат прекини при онлајн плаќањето).

Одредени решенија можат да помогнат:

  • Доколку не можете да додадете производ во кошничката, почекајте неколку минути и потоа обидете се повторно.
  • Не примивте потврда за купувањето преку е-пошта? Процесот на купување трае малку подолго за време на периодите на распродажба и заради тоа може да се јави одложување при испраќањето на е-поштата. По неколку минути повторно проверете го Вашето дојдовно сандаче. Доколку и после тоа не стигне е-пошта, најавете се на Вашата сметка на онлајн продавница и проверете го статусот на нарачката.
  • За прекинато онлајн плаќање: При плаќањето може да се јават мали проблеми. При испораката можно е да се промени онлајн плаќањето во плаќање со готовина.

Доколку Вашиот проблем е посложен, контактирајте со нашата Служба за услуги на клиентите преку дежурната линија или користејќи го формуларот за контакт достапен на онлајн продавницата.

5. Се обидувам да додадам производ што е прикажан како достапен во кошничката, но откако ќе продолжам со плаќање, не можам да го купам

Информациите за достапноста на производот прикажани на нашата веб-локација, како што е големината, може да не се ажурираат. Во такви случаи, се појавува следната порака која гласи:

„Избраната количина не може да се додаде во кошничката – производот не е на залиха.“

Најверојатно, имало голема побарувачка за производот за кој сте заинтересирани. Возможно е некој непосредно пред Вас да има платено за производот. Сакаме да напоменеме дека производите во кошничката не се „резервирани“. Нашата Служба за услуги на клиентите не добива информации за производите што се враќаат на залиха. Сепак, можете да се претплатите за известување за повторната достапност на производот. Едноставно кликнете на предупредувањето за Достапност до соодветната големина.

6. Артиклите додадени во кошничката се недостапни кога одам на касата. Зошто е тоа така?

Најверојатно имало многу голема побарувачка за производот за кој сте заинтересирани. Имајте предвид дека производите во кошничката не се „резервирани“. Доколку некој ја завршил својата нарачка и платил за истата пред Вас, артиклите можеби веќе нема да бидат достапни за друго лице кое исто така ги имало во кошничката. За жал, нашата Служба за услуги на клиентите не добива информации за производите што се враќаат на залиха.

7. Не можам да ја најдам опцијата „Провери достапност“. Зошто е тоа така?

Информациите за достапноста во продавницата се оневозможени за време на периоди на специјални понуди, бидејќи залихите може брзо да се исцрпат, и заради тоа информациите не ја одразуваат фактичката ситуација во дадена продавница.

8. Не можам да користам Click & Collect (Кликни и собери)

Click & Collect (Кликни и собери) е недостапно за време на периодите на распродажба. Достапните начини на испорака, трошоците и времето се прикажуваат за време на нарачувањето.

9. Би сакал да ја изменам или откажам мојата нарачка по плаќање

Можете да го откажете купувањето во рок од 15 минути од нарачувањето. После тој период нарачката не може да се откаже. За повеќе информации, посетете ја врската.

Нашата Служба за услуги на клиентите не може да ја откаже или измени Вашата нарачка.

Постојат два совети кои би можеле да Ви помогнат:

  • Можете да вратите нарачка купена онлајн во најблиската физичка продавница на MOHITO.
  • Не преземајте пратката од курирот. Во тој случај нарачката ни се враќа и ние ќе ви ги вратиме трошоците во рок од неколку работни дена.

10. Производот што го барам е распродаден. Би сакал да знам дали повторно ќе биде на залиха

Во такви случаи, изберете „Извести ме кога ќе биде достапно“ на страницата со производот. Штом производот ќе биде повторно достапен во онлајн продавницата, ќе бидете известени преку е-пошта. Запомнете дека нашиот оддел за услуги на клиентите не добива информации за производите што се враќаат на залиха.

11. Додека купував, ја добив следната порака: „Се јавија проблеми при креирањето на Вашата нарачка.“ Што значи тоа?

Настана неидентификувана грешка, истата може да биде поврзана со податоците за контакт, пополнетиот формулар или со нешто друго. Проверете дали сте добиле е-пошта со известување дека нарачката е прифатена. Доколку не сте добиле, нарачката треба повторно да се изврши.

12. Понекогаш, пораките се прикажуваат при нарачувањето

    • Продавницата Mohito моментално е недостапна.

      Оваа порака се прикажува кога серверите на нашата онлајн продавница се преоптоварени. Во таков случај, системот не може да ја отвори бараната страница.

    • Грешка 404

      УРЛ на страницата до која се обидувате да пристапите е неважечка или страницата не постои.

Ажурирање на Политиката на приватност

Постојано бараме нови решенија за да можеме подобро да одговориме на вашите очекувања во текот на користењето на на нашата web-страна. Ја почитуваме вашата приватност и се грижиме за заштитата на податоците и затоа, заради ажурирање на функционирањето на web-страната, ве молиме да ја прочитате новата верзија на Политиката на приватност каде се дадени правилата за постапување со личните податоци, обемот на нивната обработка и правата и обврските кои ги имате во тој однос.

Политика на приватност

1. Администраторот на Личните податоци (во понатамошниот текст APD) е: LPP MACEDONIA DOOEL Skopje, 4080019584370, Булевар Партизански Одреди 14, влез 1 кат 1, локал 2 Аура Бизнис Центар, 1000 Скопје, Северна Македонија

2. Може да го контактирате службеникот за Заштита на податоци (во понатамошниот текст DPO) на e-mail адресата: dataprivacy@lpp.com или по пошта на адреса на APD дадаена погоре;

3. За работи кои се однесуваат на вашите лични податоци можете да не контактирате на следната e-mail адреса: support.mk@mohito.com;

4. Вашите податоци ќе бидат обработени врз основа на вашата експлицитна согласност за целите да ви праќаме комерцијална информација (newsletter) за тековните промоции, ажурирања на производи и услуги за брендовите кои припаѓаат на LPP (Reserved, House, Sinsay, Mohito, Cropp);

5. Личните податоци ќе бидат обработени се додека не ја повлечете вашата согласност за претплата на newsletter;

6. Со вашите согласности може да управувате од секцијата "Моја сметка", ако сте регистриран корисник во нашата online продавница.