Технички проблеми

За време на намалувања и акции нашата online продавница е посетена од голем број на купувачи што понекогаш може да ја успори работата на нашата web страна. Некои функции можеби нема да работат правилно, како што се: додавање на производи во вашата кошничка за купување, како и функциите за плаќање (односно потврдата за плаќање нема да биде испратена на вашата e-mail адреса или потешкотии при финализирање на процесот на плаќање). Се обидуваме да ги отстраниме таквите грешки колку што е можно поскоро.

Следниве решенија можат да бидат од помош:

- Имате проблем со додавање на производ во вашата кошничка?
Почекајте неколку минути, освежете ја страницата и обидете се повторно да го додадете производот во вашата кошничка.

- Сеуште немате добиено e-mail со потврда?
За време на акции и намалувања процесот на купување се одвива малку подолго заради големиот интерес на купувачите, па понекогаш може да дојде до доцнење на email-от со потврдата. Почекајте малку пред да го проверите повторно вашиот e-mail, доколку и после подолго време сеуште нема e-mail, секогаш можете да го проверите статусот на вашата нарачка со кликање на историјата на нарачки на вашиот профил.

- Потешкотии со финализирање на online плаќањето?
При финализирање на плаќањето може да настанат некои мали грешки . Доколку плаќате со картичка, уверете се дека картичката има 3D secure безбедоносни мерки. Ви предлагаме кога правите плаќање да користете Google Chrome и компјутер наместо рачни уреди, бидејќи други пребарувачи/уреди може да предизвикаат грешки на нашата web страна.

Ако вашиот проблем е покомплициран, контактирајте го веднаш нашиот Сервис за корисници, со помош на chat, формулар за контакт или телефонски.

Ажурирање на Политиката на приватност

Постојано бараме нови решенија за да можеме подобро да одговориме на вашите очекувања во текот на користењето на на нашата web-страна. Ја почитуваме вашата приватност и се грижиме за заштитата на податоците и затоа, заради ажурирање на функционирањето на web-страната, ве молиме да ја прочитате новата верзија на Политиката на приватност каде се дадени правилата за постапување со личните податоци, обемот на нивната обработка и правата и обврските кои ги имате во тој однос.

Политика на приватност

1. Администраторот на Личните податоци (во понатамошниот текст APD) е: LPP MACEDONIA DOOEL Skopje, 4080019584370, Булевар Партизански Одреди 14, влез 1 кат 1, локал 2 Аура Бизнис Центар, 1000 Скопје, Северна Македонија

2. Може да го контактирате службеникот за Заштита на податоци (во понатамошниот текст DPO) на e-mail адресата: dataprivacy@lpp.com или по пошта на адреса на APD дадаена погоре;

3. За работи кои се однесуваат на вашите лични податоци можете да не контактирате на следната e-mail адреса: support.mk@mohito.com;

4. Вашите податоци ќе бидат обработени врз основа на вашата експлицитна согласност за целите да ви праќаме комерцијална информација (newsletter) за тековните промоции, ажурирања на производи и услуги за брендовите кои припаѓаат на LPP (Reserved, House, Sinsay, Mohito, Cropp);

5. Личните податоци ќе бидат обработени се додека не ја повлечете вашата согласност за претплата на newsletter;

6. Со вашите согласности може да управувате од секцијата "Моја сметка", ако сте регистриран корисник во нашата online продавница.