Што се случува откако мојата нарачка е потврдена?

После прифаќањето на содржината на вашата кошничка, пополнување на вашите податоци и финализирање на вашата нарачка, од нас ќе добиете e-mail со вашиот број на нарачката.

Доколку вашата нарачка е успешно платена, нејзиниот статус ќе се промени во “во тек”. Тоа значи дека нашите стручни лица почнале да ја подготвуваат вашата нарачка за испорака. Кога  вашата нарачка ќе го смени својот статус во „Спремна за испорака”, тоа значи дека истата чека да биде превземена од курисрската служба.

Откако пратката е испратена, ќе бидете информирани за тоа преку e-mail.  Доколку некои од производите од вашата нарачка се недостапни,  ќе бидете информирани за тоа преку e-mail.

Наш приоритет е да ги обработиме нарачките на нашите купувачи што е можно побрзо.

Ажурирање на Политиката на приватност

Постојано бараме нови решенија за да можеме подобро да одговориме на вашите очекувања во текот на користењето на на нашата web-страна. Ја почитуваме вашата приватност и се грижиме за заштитата на податоците и затоа, заради ажурирање на функционирањето на web-страната, ве молиме да ја прочитате новата верзија на Политиката на приватност каде се дадени правилата за постапување со личните податоци, обемот на нивната обработка и правата и обврските кои ги имате во тој однос.

Политика на приватност

1. Администраторот на Личните податоци (во понатамошниот текст APD) е: LPP MACEDONIA DOOEL Skopje, 4080019584370, Булевар Партизански Одреди 14, влез 1 кат 1, локал 2 Аура Бизнис Центар, 1000 Скопје, Северна Македонија

2. Може да го контактирате службеникот за Заштита на податоци (во понатамошниот текст DPO) на e-mail адресата: dataprivacy@lpp.com или по пошта на адреса на APD дадаена погоре;

3. За работи кои се однесуваат на вашите лични податоци можете да не контактирате на следната e-mail адреса: support.mk@mohito.com;

4. Вашите податоци ќе бидат обработени врз основа на вашата експлицитна согласност за целите да ви праќаме комерцијална информација (newsletter) за тековните промоции, ажурирања на производи и услуги за брендовите кои припаѓаат на LPP (Reserved, House, Sinsay, Mohito, Cropp);

5. Личните податоци ќе бидат обработени се додека не ја повлечете вашата согласност за претплата на newsletter;

6. Со вашите согласности може да управувате од секцијата "Моја сметка", ако сте регистриран корисник во нашата online продавница.