Купон кодови/Промоции

За да бидете во тек со нашите најнови понуди и промоции препорачуваме да ја следите нашата web страна, фан страницата на Facebook и да се пријавите на нашиот билтен.

Зошто мојот купон код не функционира?

Постојат повеќе различни причини за тоа, како:

- Кодот е истечен (имаме временски ограничени понуди)

- Истовремено можете да користите само еден код,

- Проверете го избраниот начин на испорака – некои кодови работат само со одредени опции на испорака,

- Проверете дали има грешки при куцање,

- Проверете дали понудата може да се искористи за производите кои ги купувате,

- Уверете се дека нема празни места пред и после кодот,

- Употребата на кодот може да биде ограничена само на производи по редовна цена (кои не се намалени) или производи од одредена категорија.

- Кодот на купонот мора да се внесе рачно за време на плаќањето во полето “Имам купон код”. Откако вашата нарачка ќе биде направена , не можеме да додадеме код подоцна.

Дали може да се внесе повеќе од еден промоциски код?

Можете да внесете само еден промотивен код. Доколку внесете два кода, ќе го примениме последниот важечки промотивен код кој го имате внесено.

Ажурирање на Политиката на приватност

Постојано бараме нови решенија за да можеме подобро да одговориме на вашите очекувања во текот на користењето на на нашата web-страна. Ја почитуваме вашата приватност и се грижиме за заштитата на податоците и затоа, заради ажурирање на функционирањето на web-страната, ве молиме да ја прочитате новата верзија на Политиката на приватност каде се дадени правилата за постапување со личните податоци, обемот на нивната обработка и правата и обврските кои ги имате во тој однос.

Политика на приватност

1. Администраторот на Личните податоци (во понатамошниот текст APD) е: LPP MACEDONIA DOOEL Skopje, 4080019584370, Булевар Партизански Одреди 14, влез 1 кат 1, локал 2 Аура Бизнис Центар, 1000 Скопје, Северна Македонија

2. Може да го контактирате службеникот за Заштита на податоци (во понатамошниот текст DPO) на e-mail адресата: dataprivacy@lpp.com или по пошта на адреса на APD дадаена погоре;

3. За работи кои се однесуваат на вашите лични податоци можете да не контактирате на следната e-mail адреса: support.mk@mohito.com;

4. Вашите податоци ќе бидат обработени врз основа на вашата експлицитна согласност за целите да ви праќаме комерцијална информација (newsletter) за тековните промоции, ажурирања на производи и услуги за брендовите кои припаѓаат на LPP (Reserved, House, Sinsay, Mohito, Cropp);

5. Личните податоци ќе бидат обработени се додека не ја повлечете вашата согласност за претплата на newsletter;

6. Со вашите согласности може да управувате од секцијата "Моја сметка", ако сте регистриран корисник во нашата online продавница.